Во недела ќе се одржи најмасовната планинарска манифестација – ММС
ММС

Објавено на: 05/22/19 6:41 PM

Во недела ќе се одржи најмасовната планинарска манифестација

Во недела на 26 мај ќе се одржи 38 – то традиционално искачуавње на највисокиот врв на Шар Планина Титов Врв.

Оваа планинарска манифестација во организација на планинарскиот клуб Љуботен е една од помасовните, се очекува на неа да учествуваат над 500 – тини лица. Организаторите велат дека безбендноста е на високо ниво, ќе има голема контрола, а медицински тим ќе има постојано додека трае планинарењето.

Годинава традиционалното искачуавње е посветено на починатиот еколошки активиост Љупчо Меловски

Манифестацијата ќе започна ден претходно на 25 мај, кога ќе се организираат и еколошки и други активности на скијачкиот центар.

До сега за време на 37 – те традиционалните искачувања на Титов Врв висок 2747 метри учество зеле 24 607 лица.

Зоран Димовски