Пролетта е како створена за детокс третмани. Детоксикацијата му помага на телото да се ослободи од сите штетни материи. Па, ајде да се подготвиме за летото со помош на овој вкусен и здрав детокс сок од краставица и ѓумбир.
Овој сок исто така помага против надуеност, па благодарение на него ова лето ќе изгледате послаби и помлади, а секако и многу поздрави. А што е најважно, истиот е многу вкусен и освежителен. Особено е здрав за детоксикација, затоа што краставиците содржат до 90% вода, па делуваат хидратантно и диуретички. Содржат електролити, витамини А, ц, К и калиум. Ѓумбирот ја поттикнува дигестијата на храната, ги намалува мачнините и ја елиминира констипацијата. Додека пак, сокот од лимета е одличен извор на витамин Ц и помага против болки во коските. Според некои истражувања сокот од лимета содржи киселини кои ги разбиваат макро молекулите на храната и со тоа ја поттикнуваат дигестијата и го зголемуваат лачењето на дигестивните сокови. Лутата пиперка/пипер пак, има антивоспалително и антигабично дејство, затоа е одлична за намалување на болките во грлото и за целокупно намалување на болките во телото. Како што гледате, има многу причини да си го направите овој детокс сок од краставица и ѓумбир, па не двоумете се.
Состојки:
- 2 краставици
- 1 парче свеж ѓумбир
- ½ лимета
- 1 чаша магдонос
- Прстофат лут црвен пипер (мелен) или чили во прав
Подготовка:
- Краставицата и половина од лиметата без кора, ставете ги во соковник, а потоа додајте ги магдоносот и ѓумбирот.
- Добиениот сок турете го во чаша со многу мраз и посипете го со малку лута црвена пипер или чили.
Напомена: Доколку немате соковник, сите состојки изблендирајте ги со обичен блендер со малку вода.
Ви препорачуваме да прочитате: 7 намирници за пролетна детоксикација и слабеење.
Преземено од: sezahrana.mk