Италијанските папараци ја открија строго чуваната тајна: Конечно познат новиот тренер на Јуве – ММС
ММС

Објавено на: 05/22/19 3:16 PM

Италијанските папараци ја открија строго чуваната тајна: Конечно познат новиот тренер на Јуве

Откако стана јасно дека трофејниот тренер Масимилијано Алегри го напушта Јувентус, бидејќи челните луѓе на клубот не сакаа да му го продолжат договорот, се чини дека конечно е пронајден идеалниот заменик иако официјалната објава за новиот тренер се уште се чека.

За потсетување, и покрај тоа што Алегри освои дури 11 трофеи сепак мораше да ја напушт клупата на Јувентус поради неуспехот во Лигата на шампионите.

Исто така треба да се напомене дека од доаѓањето на Гвардиола нема ништо, бидејќи тој го продолжи договорот со Манчестер Сити.

Сепак, според најновите информации на италијанските медиуми нов тренер на Јувентус ќе биде досегашниот менаџер на англиски Тотенхем Маурисио Покетино. Според информациите, Аргентинецот официјално ќе биде претставен по финалето од Лигата на шампионите во кое на 1. јуни на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, го играат Ливерпул и Тотенхем.

Строго чуваната тајна дека Покетино најверојатно доаѓа на клупата на Јувентус ја открија италијанските папараци кој во Милано ги фатија на состанок спортскиот директор на Јувентус Фабио Паратичи и менаџерот на Покетино Франко Тримболи. Така, сосема случајно е откриена строго чуваната тајна.

Дури се дознава дека Покетино веста за преселбата во Јувентус им ја кажал на своите играчи на неодамнешниот состанок и воедноо, како што се очекува, за тоа го известил и првиот човек на Тотенхем Даниел Леви. Наводно клучна била платата од 12 милиони евра годишно плус бонуси.

Секако, Даниел Леви на време се осигура бидејќи Покетино летоска потпиша договор со Тотенхем според кој платата му изнесува седум милиони евра годишно со клаузула според која обештетувањето за него изнесува 40 милиони евра.

Но, Покетино наводно од челниците на Тотенхем побарал или во целост да ја поништат клаузулата или барем да ја преполоват. Наводно тој самиот е подготвен да даде 20 милиони евра само за да си оди од клубот.

Извор: sportclub.mk