Се бара модел за државно финансирање на граѓанските организации – ММС
ММС

Објавено на: 05/22/19 2:10 PM

Се бара модел за државно финансирање на граѓанските организации

Државата бара модел за обезбедување финансиска одржливост на граѓанските организации, како и начини за нивно финансирање и институционална рамка за прераспределба на средставата. До крајот на јуни се очекува драфт верзија на моделот, а до средината на септември да биде веќе избран.

Една од примарните обврски на едно општество што негува високи демократски вредности е грижата за развојот на граѓанското општетсво  и поттикнување на граѓанската свест, изјави премеирот Зоран Заев на денешната конференција за „Реформа во системот за државно финансирање на граѓанските организации“. Формирањето на новиот модел за државно финансирање треба да биде создаден врз транспарентност и влијание врз општетсвото.

-Ваквите настани треба да овозможат насоки каков да биде моделот за реформа на системот за одржлива финансиска поддршка на граѓанските организации, кој треба да се заснова на основните начела на транспарентност и отчетност и да одговара на потребите за нивно независно делување. Реформите на државното финансирање треба да обезбеди реализација на политиките на државата во насока на остварување на правата и потребите на сите граѓани поддеднакво, рече Заев.

„Владата не е таа што треба да носи одлуки за се, туку таа е тука да прави координација и синхронизација“, вели Борис Копривникар, поранешен министер за Јавна администрација и потпретседател на Владата на Република Словенија од 2014 до 2018, кој сподели искуство на дебатата.

„Зошто да ги финансираме граѓанските организации од јавните фондови?! – Прво поради тоа што тие обезбедуваат општетсвено влијание, она што вие го правите и она што граѓанското општество го прави е подобрување е подобрување на квалитетот на животот во општеството, тие даваат поддршка на јавните услуги бидејќи јавните услуги се најчесто се строго организирани не толку многу флексибилни. Невладините организации може поефективно да дадат поддршка па дури и да ги преземат јавните услуги ако тоа е нивната цел и ако се доволно стабилни“, вели Копривникар.

Романскиот директор на Фондацијата за развој на граѓанското општсетво Јонут Сибиан, истакна дека треба да се размислува и за поддршка на граѓанските организации, на локално ниво преку општините бидејќи, според него, тие таму најдобро ги познаваат потребите на граѓаните и можат да дадат добри услуги и поддршка.

Просечниот модел на државно финансирање за граѓанските организации се уште не е системски реформиран, и покрај долгогодишните заложби на државата за негово унапредување, почнувајќи од првата Стратегија за соработка на Владата со граѓанскиот сектор од 2007 година.

Институционалната поддршка за граѓанските организации, се уште не е воспоставена. Отсуството на кофинансирање за сите проекти на ЕУ и други странски проекти оневозможува поголемо искористување на средставата од ЕУ достапни за Македонија, и го отежнува работењето на граѓанските организации.

Македонскиот центар за меѓународна соработка со проектот „Кон реформирано државно финансирање за граѓанските организации“ поддржан од ЕУ подготви и предлог модел за унапредување на државното финансирање за граѓанските организации кој е основа  за подготовка на конференцијата која се оддржа денеска. Препораките за модел се засноваат на наодите на националната анализа на тековниот систем и на најдобрите европски и регионални законски решенија и практики кои беа опфатени во споредбена нализа на системите за државно финансирање подготвена од Словенскиот центар на невладини организации. Дел од препораките се содржани во новата стратегија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018 -2020.