Кинезите од објектот на некогашната Политичка школа во Титовото село ќе прават светски конгресен центар
Во текот на втората посета на кинеската делегација на Хрватска, откриени се плановите за објектите во Кумровец, родното место на Јосип Броз Тито, кој е многу почитуван во Кина. Јианг Ју, претседателката на компанијата „З-Рун индустри“ веќе ја купи зградата на некогашната политичка школа во Кумровец.
Со онвестиции од 20 милиони евра, Кинезите ќе го заживеат веќе 30 години напуштениот објект и ќе го претворат во туристичка и конгресна мека. Првиот човек на Кумровец, Роберт Шпљат, за „Вијести.хр“ вели дека таму очекува 200 работни места.
– Проектот веќе се подготвува. Очекуваме работите да почнат во почетокот на 2020 година. Тој објект треба да стане светски конгресен центар – потврдува Шпљат.
Кинезите ги интересирале и повеќе други објкети во Кумровец, како Спомен-домот што Тито го отворил во 1974 година, потоа стадионот, на кој и околу кој Кинезите планирале да прават светски камп за фудбалски екипи…
Јианг Ју им стана омилена на кумровчани.
– Ние од милост ја викаме Ју-Ју. Таа ни’ е како сламка за спас, за преживување зашто младите ни’ заминуваат, а со кинексите инвестиции Кумровец и Загорје може да заживеат – вели Маријан Жњиданец, сопственик на хостел во родното место на Тито, чија родна куќа во Кумровец годишно ја посетуваат околу 70.000 луѓе.