(ГАЛЕРИЈА)Сулејман Реџепи не дојде на прославата на Комисијата за односи со верски заедници – ММС
ММС

Објавено на: 05/22/19 8:23 AM

(ГАЛЕРИЈА)Сулејман Реџепи не дојде на прославата на Комисијата за односи со верски заедници

Светскиот ден на културната разноличност за дијалог и развој, прогласен на 21 мај од Обединетите нации и УНЕСКО, синоќа со прием го одбележа Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Настанот го отвори директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, кој кажа дека оваа манифестација ги заокружува активностите реализирани во рамки на „Неделата на заедничка молитва“, реализирана од 13 – 21 мај со цел да се поттикне соработката и дијалогот меѓу верските заедници. На приемот беа присутни челниците и претставниците на верските заедници во Македонија, но, меѓу нив не можеше да се забележи присуството на поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи. Поглаварот, на последната негова прес конференција изјави дека не ја признава Комисијата за односи со верските заедници и неговиот претседател Даријан Сотировски.

-Го славиме Светскиот ден на културната разноличност за дијалог и развој. Потсетник дека не треба да зборуваме за културни разлики што нѐ делат едни со други, туку дека треба да зборуваме за културна разноличност која ни дарува сила од глобални размери, напиша премирот Зоран Заев на Твитер.