Овие практични и економични превозни средства на две тркала за кратка релација може да се користи во јавниот сообраќај во Германија.
Горниот дом на германскиот парламент изгласа закон кој дозволува електричните тротинети да ги користат на јавни патишта, но и на велосипедски патеки.
Оваа информација израдува голем број на компании кои се потпишуваат како производители на ваквите електрични тротинети.
Ваквата одлука на германските власти ќе го забрза и зголеми производството на електрични тротинети на европскиот пазар.
Со новиот закон е дозволено е – тротинетот да се движи со брзина до 20 Km/h, а ова превозно средство може да го управува личност над 14 години. Изгласаната одлука стапува во сила од јуни.
Е-тротинетите се погодени како дополнително индивидуално превозно средство во урбаните средини, пред се за кратки релации и во комбинација со други јавни превозни или сопствени превози.