Гризман не е замена за Суарез, но Барса има алтернативи за Уругваецот – ММС
ММС

Објавено на: 05/21/19 2:31 PM

Гризман не е замена за Суарез, но Барса има алтернативи за Уругваецот

Клубот конечно ќе го исполни барањето на Валверде за да доведе класичен напаѓач.

Антоан Гризман и понатаму е мета на Барселона, но и ако дојде, тоа нема да ги спречи Каталонците да доведат уште еден напаѓач.

Имено, Валверде веќе повеќе од година дена бара класичен напаѓач кој би бил вистинска замена за Суарез. Гризман тоа не е, иако може да игра како најистурен во нападот. Но, кога е потребен „бомбардер“, некој кој со своето физичко присуство ќе значи во офанзивата, Баскиецот нема решенија.

Мунир и Боатенг не се таков тип на играчи, вториот се враќа во Сасуоло. Барселона доста промашуваше со напаѓачите минатите сезони.

Валверде го сакаше Родриго од Валенсија, но тој е прескап, додека Арсенал сигурно нема да го продаде Лаказет.

Поради тоа се оди на лоу-кост опција, прва е Фернандо Љоренте. Тој го искористи слободното време да отиде до Торино, да ја прослави новата титула на Јувентус и да ги поздрави навивачите кои го обожаваат. Тотенхем нема да му го продолжи договорот, а се зборуваше дека би можел да се врати во Билбао.

Но, Барселона е примамлива, сака трофеи, сигурно дека би имал одредена минутажа, со тоа што Валверде повеќе ќе го штеди Суарез следната година, проблемите со колената на Уругваецот му создаваат се повеќе проблеми.

Љоренте е една, извесна опција, втора е Дивок Ориги од Ливерпул кој исто така нема место покрај Фирмино. Прашање е колку „Црвените“ би барале за Белгиецот, но се чини дека Барса која ги брка Де Лихт и преговара со Гризман, не би можела да си дозволи уште едно засилување кое би чинело повеќе од 30 милиони евра.

Извор: sportclub.mk