Ланецот на британски ресторани на познатиот готвач Џејми Оливерпоради неплаќање на долгови заминува во стечај, поради што во прашање е доведен опстанокот на 1 300 вработени.
Компанијата на Оливер денеска соопштила дека ќе биде ставена под надзор на стечаен управник и тој процес ќе биде надгледуван од мрежата KPMG. Ланецот опфаќа 23 италијански ресторани во Велика Британија.
Оливер, познат во светот по своите кулинарски способности и телевизиски шоу емисии, изјавил дека е многу тажен од ваквиот исход и дека сака да се заблагодари на вработените кои ги вложиле своето срце и душа во компанијата повеќе од десет години.
„Разбирам колку е тешка оваа ситуација за секој кој ја поминува“, изјавил Џејми Оливер.