Кај кои проблеми помага коријандерот? – ММС
ММС

Објавено на: 05/21/19 2:08 PM

Кај кои проблеми помага коријандерот?

Коријандер е растение чии листови и семе се користат уште од античките времиња како во индиската кујна на Блискиот Исток и Јужна Америка, така и во традиционалната кинеска и индиска медицина.

Семето од коријандер често се користи во комбинација со анасон, ким и анис кај дигестивните проблеми, како што е варење, губење на апетит, дистензија и надуеност, и грчеви во цревата. Исто така, многу активни состојки во коријандерот како што е борнеол, лимонен, цинеол и алфа-пинен поседуваат анти-инфламаторни (анти-воспалителни) својства, како и чај од семе на коријандер и употреба на овој зачин при готвење може да помогне кај оток и болка поради артритис. Исто така, можете половина лажичка мелено семе коријандер да го помешате со кокосово масло и оваа мешавина да ја користите како мелем за зглобови.

Истражувањата врз животни, исто така, покажале дека коријандерот би можел да помогне и во регулирање на нивото на холестеролот, а со тоа и намалување на LDL холестерол а го зголемува нивото на HDL холестерол, како и дека може да помогне во ублажување на нарушувањата на меморијата кај Алцхајмерова болест.

Извор: denar.mk