Тревога во Русија, ФСБ издаде преупредување: Повеќе од 5.000 терористи од ИСИС се групираат на границата – ММС
ММС

Објавено на: 05/21/19 12:58 PM

Тревога во Русија, ФСБ издаде преупредување: Повеќе од 5.000 терористи од ИСИС се групираат на границата

Разгранок на Исламската држава групира повеќе од 5.000 милитанти во северен Авганистан, на границта на поранешните советски републики во централна Азија, предупредува директорот на рускиот ФСБ, додавајќи дека многумина од нив се бореле во Сирија.

– Особено е загрижувачко повторното разместување на терористички групи во северните покраини на Авганистан – им рече Александар Бортников на шефовите на поранешните советски разузнавачки служби на состанокот во Душанбе, предупредувајќи дека локалниот разгранок на ИСИС собрал 5.000 борци на тоа подрачје.

Терористички ќелии сега се инфилтрираат во поранешните советски земји каде што се поврзуваат со органзираниот криминал. За да се прикријат, се обидувале да се претсавуваат како бегалци и мигранти. Терористичките групи своите сили ги преместуваат и во други делови на светот, како северна Африка и југоисточна Азија.

– И по низата порази во Сирија и во Ирак, исламистите и понатаму претставуваат опасност. Сега се обидуваат да се прегрупираат во подрачјата што сириската влада не ги контролира или се сокриваат во бегалски кампови – рекол шефот на ФСБ.