Филантроп отплати долг на цела генерација студенти „тежок“ 40 милиони долари – ММС
ММС

Објавено на: 05/21/19 11:56 AM

Филантроп отплати долг на цела генерација студенти „тежок“ 40 милиони долари

Околу 400 дипломци на колеџот „Морхаус“ во американската сојузна држава Џорџија добија неочекувано голем подарок од милијардерот и филантроп Роберт Смит, кој и’ го отплати студентскиот долг на цела генерација во износ од 40 милиони долари. „Гласот на Америка“ наведува и дека, пред да им го отплати долгот на студентите, Смит на колеџот му подарил еден и пол милиони долари.

„Морхаус“ е трдиционлно црнечки колеџ на кој студирале и големиот борец за човекови права Мартин Лутер Кинг, потоа режисерот Спајк Ли и актерот Самуел Л. Џексон.

– Знам дека оваа генерација ќе покаже дека овој чин е корисен и сакам секоја следна генерација да личи на оваа. Врувам дека сите ќе имате можност да напредувате, бидејќи можеме да водиме сметка едни за други и да обезбедиме сите да имаме можност да го оствариме американскиот сон – рекол Смит на свеченоста.

Студентите, од кои некои биле должни и по десетици илјади долари, во исто време биле и среќни и шокирани.

– Делува нереално. Кога од говорницата рече дека ќе ни’ ги отплати сите долгови, погледнав во колегите и прашав дали добро слушнав. Бев во целосен шок. Ова е најубавиот подарок што сум го добил во животот – вели еден од студентите.