Почина трикратниот Формула 1 шампион, Ники Лауда – ММС
ММС

Објавено на: 05/21/19 9:07 AM

Почина трикратниот Формула 1 шампион, Ники Лауда

Трикратниот шампион во Формула 1, Ники Лауда почина вчера на седумдесетгодишна возраст. Неговата здравствена состојба беше нарушена минатото лето кога имаше трансплантација на белите дробови.  Ситуацијата сепак, вчера се влошила и итно бил примен во болница во Виена, но ја изгубил битката со болеста.

Информацијата за неговата смрт, денеска ја објави семејството.

Со длабока тага соопштуваме дека нашиот сакан Ники почина во понеделникот во кругот на семејството. Неговото остварување како спортист и бизнисмен ќе остане незаборавно. Тој е идол за сите нас, беше доба сопруг, татко и дедо и ќе ни недостасува – посочува неговото семејство во соопштението.