Прва јавна дискусија за Националната стратегија за развој на концептот едно општество и интеркултурализам – ММС
ММС

Објавено на: 05/21/19 7:16 AM

Прва јавна дискусија за Националната стратегија за развој на концептот едно општество и интеркултурализам

Првата од серијата јавни дискусии на Владата за претставување на нацрт текстот на „Националната стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија”, ќе се одржи денеска во Клубот на пратеници.

На дискусијата ќе се обратат премиерот Зоран Заев, министерката за правда, Рената Дескоска и Алберт Муслиу, прв извршен директор на Асоцијацијата за демократски иницијативи.

На настанот ќе биде презентиран и нацрт текстот на стратегијата по кој следи и дискусија со присутните претставници на граѓанскиот сектор, дипломатскиот кор, претставници од државните институции и граѓански активисти.

МИА