На барање на властите во Пекинг, руската полиција упаси двајца кинески државјани, кои се осомничени за проневера на 1,9 милијарди долари во рамки на пирамидална шема со која измамиле 1,5 милиони луѓе.
Како што соопшти портпаролката на руското Министерство за внатрешни работи, Ирина Волк, двајцата Кинези, маж на возраст од 41 година и 66-годишна жена, биле уапсени на аеродромот во Хабаровск на рускиот Далечен Исток.
Кинеските власти ги обвинуваат уапсените дека биле водачи на криминален клан што формирал финансиска организација за пирамидално штедење, преку која проневериле 13,4 милијарди јуани (1,9 милијарди долари).
Властите проценуваат дека преку оваа пирамидална штедилница биле измамени околу 1,5 милиони Кинези.
МИА