При зајакнати акциски контроли на полицијата, вчера од 14 до 19 часот полициските службеници откриле 12 прекршоци. Еден за управување мотоцикл без возачка дозвола, два со- измината важност на сообраќајна дозвола, три за управување со несоодветна категорија и шест за управување без заштитен шлем (кацига).
Контролите се спроведени од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи, а за прекршоците издадени се 12 прекршочни платни налози.
Од МВР информираат дека дополнително се откриени уште 97 останати прекршоци и за 62 од нив издадени се мандатни платни налози и за 35 прекршочни платни налози.
МИА