Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја симна Турција од списокот земји што извезуваа во САД без царина, а се верува дека тоа е одмазда бидејќи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одби да се откаже од купувањето на рускиот ракетен систем С-400. Само во 2017 година турскиот извоз без царини во САД бил 1,7 милијарди долари.
Трамп, како што пренесуваат новинските агенции, образложил дека Турција повеќе не е земја во развој и такви бенефиции повеќе не и’ биле потребни.
Турција деновиве уште еднаш соопшти дека останува на воената спогодба со Русија.