Министрите за финансии на ЕУ ги отстранија Аруба, Барбадос и Бермудите од црната листа на даночни оази денеска во Брисел, листата сега содржи дванаесет територии.
Европската Унија ја креираше црната листа во 2017 година по бројните скандали кои ги обелоденија истражувачките новинари со Лукс Ликс и Документите од Панама, со цел поефикасна борба против даночната евазија во Европа и поголема фискална транспарентност.
Денеска овие три територии се отстрануваат затоа што докажале дека ќе преземат конкретни мерки во борбата против овој феномен.
– Барбадос даде солидни политички заложби за отстранување на системите кои овозможуваат даночна евазија на нивна територија, додека пак Аруба и Бермуди веќе ги исполниле своите заложби, соопштија денеска министрите за финансии на ЕУ.
Аруба е сега целосно отстранета од црната листа, а двете други остануваат привремено на сивата листа.
Останатите територии на црната листа на ЕУ се Самоа, Белизе, Доминикана, Фиџи, Гвам, Маршалски острови, Тринидад и Тобаго, Обединети Арапски Емирати, Вануату и Девствените острови.
МИА