Институциите се на потег во случајот Богоевски – ММС
ММС

Објавено на: 05/17/19 7:46 AM

Институциите се на потег во случајот Богоевски

Обвинителството побара да се утврди кој стои зад профилот „Илија Громовник“, кој ја објави снимката со пратеникот Павле Богоевски, во која, како што тврди самиот Богоевски, нарачува масло од канабис за близок член на семејството. Обвинителство соопшти дека ќе чека известување од МВР за да постапи по пријавата на Богоевски за неовластено снимениот разговор како што тврди пратеникот. ќе бидат направени проверки за да се утврди дали постојат елементи на сторено кривично дело.

-Откако идентитетот ќе биде утврден и ќе бидат обезбедени релевантни докази, Министерството за внатрешни работи ќе го извести Јавното обвинителство за да преземе кривичен прогон. Околу содржината на снимениот разговор исто така ќе бидат направени проверки за да се утврди дали постојат елементи на сторено кривично дело, соопштуваат од Обвинителство. Богоевски кажа дека бил сниман од таксист.

За случајот се очекува одговор и од другите институции. Од Собранието, од кабинетот на претседателот Талат Џафери, соопштија дека немаат ингеренции за случајот на Богоевски.

-Во овој момент нема основа за каква било постапка. Претседателот на Собранието очекува дека надлежните институции ќе постапуваат ефикасно и целосно ќе го расчистат случајот“, одговараат од кабинетот на Џафери.

Богоевски се пријави во полициска станица откако на руската интернет-страница Вконтакте, се појави аудиоснимката. Притоа, тој јавно побара да му биде направен наркотест како доказ дека ја зборува вистината.