Тренерот на Монако, Леонард Жардим, пред натпреварот од 37. коло од француското првенство против Амиен, призна дека е разочаран од изданијата на својот клуб.
Монако се уште го нем аобезбедено опстанокот во Лига 1.
-Се срамам од лошите резултати. Најмногу вознемирува тоа што сè уште немаме освоено доволно бодови за сигурен опстанок. Ние сме загрижени од фактот што може да испаднеме. Сепак, треба да веруваме дека тимот е во состојба да излезе од оваа ситуација, изјави Жардим.
Во пресрет на утрешното претпоследно коло, Монако има 33 бода и се наоѓа на 17. место.
МИА