„Независен“: Загина бомбашот од Собранието во сообраќајката кај Драчево – ММС
ММС

Објавено на: 05/17/19 7:31 AM

„Независен“: Загина бомбашот од Собранието во сообраќајката кај Драчево

Загинатиот возач  на „реното“ во сообраќајната несреќа во средата кај  Драчево, Јованче Лазаревски-Шиљо, според пишувањето на „Независен“, пред две години учествувал во инцидентите во Собранието на 27 април. Тогаш, полицијата го приведе поради сомневање дека таа вечер во парламентот оставил импровизирана експлозивна направа од плинска боца поврзана со петарда. Полицијата и обвинителството го товареа за предизвикување општа опасност и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, за што му беше одреден притвор.

„Лазаревски во затворот во Шутка  мина речиси една година, од 25 мај 2017 до 14 мај 2018 година. За кривичното дело за кое се гонеше беше неправосилно осуден на 4 години и 9 месеци, потврдуваат за „Независен“ од Кривичниот суд.
„Казната потоа е укината од Апелацискиот суд и предметот е вратен на повторно судење, кое е во фаза на судење“, објаснуваат од судот.
Во несреќата, покрај Лазаревски, загина и Илјер Ајвазовски (40), Аница Трајковска (53), Елена Трпевска (37) и пензионираниот полицаец Спасе Н.,

„Патниците во возилото починале на самото место, додека возачот на камионот е задржан на лекување во Градската општа болница“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од Основното јавно обвинителство информираа дека „реното“ од непознати причини преминало на спротивната лента на коловозот и директно се судрило со камион за превоз на отпад.