Бранителот на трофејот во НБА лигата, тимот на Голден стејт, рано утрово го совлада Портланд со 114:111 и поведе со 2-0 во финалната серија од плејофот во Западната конференција.
До триумфот „воините“ дојдоа по голем резултатски пресврт направен во второто полувреме, откако по првите две четвртини „блејзерс“ имаа предност од 15 разлика (65:50).
Исто како и на првиот натпревар одигран пред два дена, предводниците до успехот на домаќините беа Стеф Кари (37 поени, по осум асистенции и скокови) и Клеј Томпсон (24 поени).
Во поразениот тим најдобар кошаркар беше Демијан Лилард со дабл-дабл ефект (23 поени и 10 скока).
Вечер во 2:30 часот се игра вториот дуел во финалето на Исток каде Милвоки води против Торонто со 1-0 во серијата прв до четири победи.
МИА