ОМД му честита на првиот македонски член на албанскиот парламент, Васил Стерјовски – ММС
ММС

Објавено на: 05/17/19 6:48 AM

ОМД му честита на првиот македонски член на албанскиот парламент, Васил Стерјовски

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), организација за застапување на Mакедонците од целиот свет со седиште во Вашингтон, САД, од се’ срце му честита на Васил Стерјовски, првиот Македонец кој стана член на албанскиот парламент и кој ја претставува македонската малцинска заедница во Албанија.

 

По давањето на заклетвата, Стерјовски рече: “Имам историска одговорност да ви ги пренесам честитките од Македонците, кои се лојални граѓани на Република Албанија, бидејќи тоа е нивната родна земја … Македонците во Албанија помогнаа да се ослободи Албанија од фашизмот (за време на Втората светска војна) и станаа важен дел од оваа земја. “

 

“Денес е историски ден за Албанија, за Македонија, за македонското малцинство во Албанија кое долго се бореше за да го постигне овој резултат, како и општо за човековите права”, изјави претседателот на ОМД, Методија А. Колоски, кој има корени од Корча, Албанија, од страната на татко му. “Васил е пример за млад лидер во Албанија со вистинска визија за потребите на македонското малцинство во таа земја, што работеше напорно за да изгради свест, мостови и дијалог. Горди сме на неговите и нашите колективни достигнувања како Македонци”.

 

Стерјовски е еден од само неколкутемина членови на националните парламенти во светот со македонско потекло. Албанија им се придружи на Франција, Германија и Романија, кои веќе имаат парламентарци со македонско потекло.