И во Србија ќе се слави Ден на словенската писменост во чест на Кирил и Методиј – ММС
ММС

Објавено на: 05/16/19 6:21 PM

И во Србија ќе се слави Ден на словенската писменост во чест на Кирил и Методиј

Владата на Република Србија на денешната седница го усвои Предлог-законот за дополнување на Законот за државни и други празници со кој предлага 24 мај да биде нов празник – Ден на Кирил и Методиј.

Со овој празник ќе се одбележува Денот на словенската писменост и култура, кој го втемелија словенските просветители Кирил и Методиј, основачите на словенската книжевност и креаторите на првото словенско писмо – глаголицата-соопоштија од Кабинетот за соработка со медиумите на српската Влада.