Сталоженоста и менталната сила се премногу потребни доблести за опстанок во ова време, каде мултитаскингот е задолжителен, а слободното време речиси непостоечка категорија.
Иако на многумина делува дека поединци се родени како ментално силни и стабилни луѓе, важно е да знаете дека станува збор за вежби и труд, преку најразлични тешки ситуации, за да се оспособат да се носат со различни животни несреќи.
Со овие особини се препознава ментално стабилна личност:
- Прифаќа предизвици
За нив, предизвикот е шанса за успех, а не причина за страв. Ако успешно ја решат ситуацијата, тие ќе добијат, а покрај успехот ќе им се зголеми нивната самодоверба.
- Фокус става на ситуации кои може да ги контролира
Животот е полн со непредвидени ситуации, само што ние немаме време да го трошиме на анализа на веројатноста. Затоа стабилните луѓе се потпираат на работи кои се под нивна контрола и во нив го вложуваат нивниот максимум.
- Поставува јасни граници
Дури и кога тоа е тешко, тие ќе речат не, ако тоа е исправно. Иако се грижат и водат сметка за туѓите чувства и потреби, тие знаат кога треба да се стават на прво место.
- Не живеат од минатото
Од минатото научиле дека грешките нема да ги повторат, а сега тие времиња се далеку зад нив и немаат време да живеат од спомените, сега е време да се ужива во дадениот момент!
- Презема одговорноста за постапките
Свесни се за сопствените грешки и никогаш не бараат вина во другиот. Знаат дека од грешките најдобро се учи и продолжуваат напред кон нови предизвици и успеси.
- Доследни до себе
Тие ги знаат нивните морални принципи и вредности и се доволно храбри во склад со тоа и да живеат. Тие цврсто се држат до своите ставови, детално ги испитуваат и се откажуваат само кога ќе увидат на грешките.
Преземено: denar.mk