Чудни идеи за реконструкција на Нотр Дам: Предложиле и базен на покривот – ММС
ММС

Објавено на: 05/16/19 12:04 PM

Чудни идеи за реконструкција на Нотр Дам: Предложиле и базен на покривот

 

Бидејќи Франција се подготвува да објави меѓународен натпревар за реконструкција на Нотр Дам, готската катедрала неодамна сериозно оштетена од голем пожар, некои дизајнери веќе ги објавија првите идеи, кои веројатно нема да ги задоволат традиционалистите што се залагаат за реставрација со која ќе се врати идентичниот изглед на готската катедрала од 12. век.

Француската компанија „Студио НАБ“ предложила голем покрив како стаклена градина. Некои од сугестиите вклучуваа парк или тераса, па дури и шумска површина со рамна, обоена или метална кула со камбани со разгорен оган. Наградуваниот архитект  Винснет Калебат предложил реконструкција на покривот со кула од стакло, која ќе вклучува стаклен конзерваториум што секоја година ќе дава 21 тон овошје и зеленч

Предлогот на италијанското студио „Фуксас“ се заснова на идејата за кристален покрив и кула, базирани на делата на познатата француска кристална фабрика „Бакарат“. Значи, сонцето ќе влезе во катедралата низ покривот, а ноќе ќе се осветлува покривот. Британскиот архитект Норман Фостер предложил пирамида во форма на кристали од нерѓосувачки челик.

“Ние не сме обврзани да се вратиме сé што е идентично”, рече архитектот Александар Часанг , автор на предлогот за стаклена кула.

Студиото УМА од Стокхолм  ја разработи идејата за вкрстен облик на базен од 12 статуи, кои ја покриваат целата покривна површина.