Ајфеловата кула, неизбежниот споменик на Париз, слави 130 години, а градот го одбележува јубилејот со голем ласерски светлосен спектакл.
Кулата е висока 324 метри, а тешка 7.300 тони. Некогаш тоа беше највисокиот споменик во светот и, благодарение на строгите урбанистички прописи, сè уште доминира во париските градби.
Оспорувана за време на изградбата, Ајфеловата кула стана неизбежен симбол на Париз и на Франција.