Бошњаковски заминува на функцијата генерален секретар во Кабинетот на претседателот Пендаровски – ММС
ММС

Објавено на: 05/16/19 11:51 AM

Бошњаковски заминува на функцијата генерален секретар во Кабинетот на претседателот Пендаровски

Миле Бошњаковски наместо портпарол на Владата, отсега ќе биде генерален секретар во кабинетот на претседателот, Стево Пендаровски.  Медиумите објавија дека Бошњаковски го напушта секторот за односи со јавноста при Владата пред неколку дена, кога новиот шеф на државата почна со екипирање на својот кабинет, но тогаш тој изјави дека ништо не е официјално. Денеска сепак, ја потврди информацијата.

„Ми беше чест две години да соработувам со сите вас новинари, сниматели и фоторепортери. Се надевам дека соработката ќе продолжи во наредниот период во една друга форма“, изјави денеска Бошњаковски, на својата последна прес конференција како владин портпарол.