По 50 години штипската физикална терапија доби нови апарати – ММС
ММС

Објавено на: 05/15/19 2:07 PM

По 50 години штипската физикална терапија доби нови апарати

По повеќе од 50 години Физикалната терапија при штипската Клиничка болница, доби нови осум апарати. Вредоста на новата апаратура која што во голема мера ќе го олесни процесот на рехабилитација на пациентите чини 30.000 евра,  а обезбедени од сопствени средства  на болницата.

стара нова

 

Овие апарати се комбинирани, тоа што порано беше распределено на повеќе апарати сега веќе е на располагање на еден апарат,образложи докторката физијатар Ленче Николова.

,,Тоа значи дека времетраењето на услугите ќе се намали а пациентите нема да мора да шетаат од врата на врата.Апаратите ќе се користатт  за рехабилитација по скршеници,по дегеренативни, невролошки или трауматолошки состојби“,вели Николова.

Физикалната терапија при Штипската Клиничка болница е единствеен  рехабилитационен  центар во Источна Македонија ,кој опслужува во просек околу 200 пациенти дневно. Засега состојбата на објектот е во лоша состојба, но и тоа наскоро ќе се смени, откако целосно ќе биде вратена во владение на штипската Клиничка болница, вели директорот Ален Ѓеоргијев.

,,Таа постапка е во тек,треба уште да помине на владина седница. Верувам дека тоа ќе се случи набргу, по  што  ќе се бараат начини како да го реновираме објектот “,вели Ѓеоргијев.

Пред неколку години дел од штипската терапија беше дадена на користење на медицинскиот факултет  при УГД,но тој дел ниту беше реновиран ниту пак заживеа како што беше планирано.Токму поради недефинираниот статус, овој благодет што го дава водата од бањата Кежовица во комбинација со медицината не можеше да се користи во полн капацитет.

Во Физиканата терапија,  како што информираше директорот примени се нови 13 физиотерапевти,а деновиве нови униформи добија сите вработени.