Перо Антиќ ќе ја води Македонската кошарска федерација – ММС
ММС

Објавено на: 05/15/19 12:35 PM

Перо Антиќ ќе ја води Македонската кошарска федерација

Перо Антиќ попладнето едногласно е избран за нов претседател на Кошаркарската федерација на Македонија.

Антиќ на Изборното собрание беше единствен кандидат, откако неговиот противкандидат Владимир Темелковски се повлече.

-Секако дека сум среќен, но, искрено малку ми е и чудно во оваа улога. Веќе реков, мојата идеја е да составам силен тим од спортисти и луѓе од бизнис-секторот и сите заедно да работиме за кревање на кошарката, враќање на оптимизмот кога се говори за овој спорт. Приоритети има многу, од развој на младинската кошарка, до засилување на лигата и враќање на репрезентацијата онаму каде што посакуваме да биде – редовен учесник на големите натпреварувања“,изјави Антиќ по изборот.

Нашиот поранешен кошаркарски репрезентативец има и три титули европски шампион. Во 36-годишниот Антиќ беше дел од тимовите на Работнички, АЕК, Црвена ѕвезда, Лукоил, Санкт Петербург, Олимпијакос, Фенербахче. Од 2013-2015 настапуваше за Атланта и беше првиот Македонец во НБА-лигата.

Покрај многуте трофеи од националните првенства, Антиќ . Беше член на македонската репрезентација која на ЕП 2011 во Литванија го освои 4. место.

Перо Антиќ е деветтиот претседател на МКФ.