Северна Кореја соопшти дека е погодена од најголемата суша во последните речиси четири децении и тоа во момент кога се соочува со прехранбена криза поради последната „посна“ жетва.
Официјалната државна агенција КЦНА пренесува дека од почетокот на годинава наврнал најмалку дожд од 1982 година наваму, а сушата се очекувала да трае до крајот на мај.
Неодамна од агенции на ОН беше наведено дека околу десет милиони жители на Северна Кореја се соочуваат со сериозен недостаток од храна по една од најсиромашните жетви во последната деценија.
Севернокорејскиот амбасадор во ОН, Ким Сонг, во февруари упати редок апел за итна помош во храна.