Роберто Парондо: Многу добро знам што Вардар го очекува вечерва во Унгарија – ММС
ММС

Објавено на: 05/5/19 10:41 AM

Роберто Парондо: Многу добро знам што Вардар го очекува вечерва во Унгарија

Многу добро им е позаната атмосферата која вечерва ќе ги пречека вардарци на реваншпресметката од  четвртфиналето во Лигата на шампионите против ПИК Сегед. Тренерот на РК Вардар РобертоПарондо во својата ракометна кариера три години беше дел од унгарскиот тим па и тоа како е запознаен со домашна публика која ќе биде огромна поддршка за Унгарците.

„ПИК Сегед отсекогаш ги имал едни од најдобрите навивачи во Унгарија. И јас многу добро знам што не очекува вечерва во Унгарија. Но, одличната атмосфера на трибините верувам ќе биде голем мотив и за моите ракометари кои се добро подготвени за се што не очекува. Ние си ја знаеме нашата цел за која допатувавме тука а тоа секако е пласман на Фајнлфор завршницата од Лигата на шампионите во Келн“ – вели Парондо во изјава за унгарските медиуми пред денешниот дуел.

Реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите меѓу ПИК Сегед и Вардар денеска во Унгарија се игра од 19 часот. Местото на Ф4 турнирот во Келн вчера си го обезбедија Веспрем и Барселона.