Палестинското радикално движење Исламски џихад се закани дека ќе го спречи одржувањето на изборот за песна на Евровизија, кој ќе се одржи во Тел Авив од 14 до 18 мај, објави весникот „Тајмс Оф Израел“.
Предупредувањето следи во момент кога делегациите почнуваат да пристигнуваат во Израел на популарната Евровизија и неколку часа откако од палестинска територија беа истрелани над 200 ракети на израелска територија.
Израелските власти за нападите ги обвинија токму Исламски џихад и радикалното движење Хамас.


