Сите избирачки места се навремено отворени и досега гласањето е мирно, без регистрирани неправилности, информираа од Државната изборна комисија.
До 10 часот излезноста е 6,31 отсто или гласале 99.192 гласачи од обработени 88,1 отсто од избирачките места.
Најголема излезност е регистрирана во Крива Паланка – 14,91%, Демир Капија 13,24 %, Каратово 12,46% и Берово 11,06 отсто.
Најниска излезност е регистрирана во Врапчиште 1,16 %, Дебар 1,29 % и Боговиње 1,31 %.
Во првиот круг излезноста во 10 часот беше 6,23 % или од целосно обработени податоци за изборачките места гласале 112.157 гласачи.


