Тарзан – амбасадор на Црна Гора во Србија? – ММС
ММС

Објавено на: 05/5/19 8:45 AM

Тарзан – амбасадор на Црна Гора во Србија?

Најверојатно нов амбасадор на Црна Гора во Србија ќе биде човек со малку необично име, пишуваат црногорски и српски медиуми. Наводно, лидерот на најголемата црногорска партија и претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, одлучил за амбасадор на таа земја во Србија да го постави актуелниот политички директор на Демократската партија на социјалистите, Тарзан Милошевиќ.

Сегашниот црногорски амбасадор во Белград и поранешен министер за култура во црногорската влада, Бранислав Миќуновиќ, во јули полни 67 години и ќе оди во пензија.