Како пропадна обидот за пуч во Венецуела: Министерот за одбрана Лопез ги изиграл Американците? – ММС
ММС

Објавено на: 05/5/19 8:37 AM

Како пропадна обидот за пуч во Венецуела: Министерот за одбрана Лопез ги изиграл Американците?

Венецуелскиот министер за одбрана, генерал Владимир Педрино Лопез, ги изиграл Амриканците и венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гваидо, упропастувајќи им го обидот за пуч во вторникот. Лопез играл двострана игра, ветувајќи му на Вашингтон дека ќе го предаде венецуелскиот претседател Николас Мадуро, а кога Гваидо се обиде да ја преземе власта, генералот му изрази лојалност на Мадуро.

Според наводи на извор од американскиот Национален совет за безбедност, администрацијата на претседателот Трамп со месеци преговарала со Лопез за да му го сврти грбот на Мадуро. Венецуелскиот министер за одбрана на крајот наводно ветил дека ќе го поддржи Гваидо и ќе го уапси Мадуро по обидот за пуч.

– Лопез водеше повеќе телефонски разговори со Вашингтон. На крајот беше речено дека тој и уште некои министри и генерали го прифаќаат договорт со САД да го поддржат Гваидо и да го симнат Мадуро, а еден месец по пучот да закажат избори – навел изворот од САД за шпанскиот весник АБЦ.