Јутјуберката Сара Франк пред две години случајно снимила куфер во кој се наоѓало тело од жртва на серискиот убиец Никос Матаксас од Кипар, кој ја признал вината за смртта на 7 жени и 2 девојчиња.
Додека на Црвеното езеро во Кипар снимала видео, случајно забележала и куфер во водата во кој се наоѓало телото, но Франк не знаела се уште за тоа.
Минатата недела полицијата трагала по жртвите на серискиот убиец Матаксас и пронале остатоци од една жена на дното на езерото. Телото, кое во најголем дел се распаѓало, пронајдено е во Црвеното езерво на Кипар, каде водата е виолетова поради, сега затворената британска операција.
Откако 35 годишниот убиец признал дека три негови жртви се фрлени во токсичното Црвено езеро, луѓето веднаш започнале да шпекулираат дали едно од тие тела се наоѓа во куферот кој јутјуберката Сара Франк случајно го снимила во текот на посетата на тоа езеро во 2017 година.

Во видеото кое таа го снимила, таа го коментира просторот и вели: „Се чувстува смртта. Смртта се чувствува во воздухот, а толку е убаво“.
Матаксас е уапсен откако по една недела полицијата го пронашла телото на жена во рударското окно. Тоа било телото на Мари Роуз Тибурцио која исчезнала минатиот мај, заедно со нејзината шест годишна ќерка.
Матаксас, инаку е грчки воен офицер, најмалку две од своите жртви ги пронашол преку веб сајт за запознавање. Уште едно тело пронајдено е во бунар, близу полјана која ја користи војската. Кипарската полиција верува дека Метаксас една од своите жртви ја задавил откако имал секс со неа.
Сомнежи постојат дека исто така тој ја убил 36 годишната романка Ливиј Флорентина Бунеу и нејзината 8 годишна ќерка Елени Наталија, кои и двете исчезнале 2016 година. Исто така работничка од Филипините е можна негова жртва.


