Тужба и кривична пријава заработи директорот и комплетниот состав на Советот на ААВМУ – ММС
ММС

Објавено на: 05/4/19 1:22 PM

Тужба и кривична пријава заработи директорот и комплетниот состав на Советот на ААВМУ

Кривична пријава до Јавното обвинителство заработи комплетниот состав на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) како и директорот  Зоран Трајчевски за кривичните дела:„Несовесно работење во службата“ и „Злоупотреба на службената положба и овластување“. Во исто време, поднесена е тужба до Управниот суд по одлуката за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на македонски и албански јазик. Од Агенцијата пак, се бара одлагање на извршување на оваа одлука.

Кривичната пријава е за директорот на АВМУ Зоран Трајчевски, претседателот на Советот Лазо Петрушевски и членовите: Милаим Фетаи, Алма Машовиќ, Зоран Фидановски, Методија Јанчевски и Селвер Ајдини. Покренувач на овие дејствија е компанијата ГБЦ Комуникации, која во образложението наведува докази и документи според кои директорот и членовите на Советот на АВМУ одлучиле паушално, користејќи двојни стандарди преку контрадикторни одлуки и претпоставки. При тоа, потпретседателот на Советот, Милаим Фетаи го користи моментот на исклучување на Радио Слободна Македонија, кое емитување програма на национално ниво на македонски јазик, инсистира да се отвори постaпка за радио на албански јазик на национално ниво. И бидејќи нарачаната анализа на пазарот  покажала дека  нема оправданост за албанско радио на целата територија на државата, прави соломонско решение со двојазично радио  со прoграма на макеоднски и албански јазик.

Не е прв пат да се даде дозвола за отворање на медиум по нарачка. Ваква пракса е уште од времето кога власта ја имаше ВМРО ДПМНЕ, на кои АВМУ удоволи со отворање на радиото Слободна Македонија преку неколку прекршувања на законот.На заминување на овој состав, Советот во текот на постапката, според наводите од кривичната пријава, го прави првото кршење на законот со тоа што и покрај тоа на отворањето на понудите, и покрај тоа што  не му е комплетна документацијата,  му дозволува на Фисник Татеши  од Струга, кој ја доби дзоволата,  да ја комплетира понудата. Според јавниот конкурс што го објави АВМУ, „некомплетните или неуредно поплнетите пријави НЕМА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВААТ“. Тоа се констатира и во записникот од отвораењето на понудите. За останатите две понуди, меѓу која и на ГБЦ Комуникации, се констатира дека е уредна. Меѓутоа, веќе на следното ниво, во процесот на одлучување, понудата на ГБЦ Комуникации како и втората понуда, се отфрла како неуредна, со што Советот донесува контрадикторна одлука од претходната. Во текот на седницата, овие две пријави како се разгледуваат, така се одбиваат. На крај останува третата понуда на Татеши, кој ја добива дозволата. Во текот на одлучувањето за доделување на дозволата, член на Советот констатира „бидејќи останува единствената понуда на Татеши, тој ќе го поддржи“. Дали ако пријавата на кандидатот Фисник Татеши се разгледувала прва, тогаш нејзината судбина би ја доживеала некоја друга пријава пријава, која би била разгледувана последна?, стои во тужбата.

Пријавата со целокупната документација на ГБЦ Комуникации, на која е придружено физичко лице, е одбиена поради како што наведуваат членовите на Советот, доставените писма на намери за финансирање од деловни банки не биле валидни, преку кои може да се оцени неговата финансиска способност. „Ова е паушална констатација, без при тоа да се наведе каде и во кој пропис или услови од конкурсната документација е предвидено дека писмата за намери не е валидна документација за оцена на финансиската способност. Писмата за намери секаде и според законот се валидни документи, по што единствен логичен заклучок е дека неосновано е констатирана неуредност на пријавата, стои во тужбата.

Во една таква ситуација, кога од страна на Советот на АВМУ се применети двојни критериуми во однос на оценката за уредноста, односно неуредноста на пријавите, не е извршено бодување на пријавите, првите две се отфрлаат и  без бодување се прифаќаа таа на Татеши. Затоа што, ако би се извршило бодување, несомнено дека пријавата на ГБЦ Комуникации како кандидати би добила повеќе бодови, тужителот констатира дека тогаш повеќе од јасно е дека одлуката на АВМУ е незаконита.Тужителот смета дека   неспорно дека прекршен е Законот за АВМУ и дека фактичката состојба е погрешно и нецелосно утврдена во постапката, која претходела на доделувањето на дозволата. Сторена е повреда на правилата на постапката, што е причина за понишштување на актот на доделување на дозволата. Поради наведените аргументи, придружени со докази,  ГБЦ Комуникации бара Управниот суд  да ја поништи целокупната постапка како незаконска.