Снимка од дрон успеа да спаси капачи од плажа во Сиднеј кои можеа да бидат изедени од бела ајкула (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 05/4/19 1:26 PM

Снимка од дрон успеа да спаси капачи од плажа во Сиднеј кои можеа да бидат изедени од бела ајкула (ВИДЕО)

Дрон кој  го снимал морето кај плажата Бондај недалеку од Сиднеј, снимил како бела морка ајкула се привлижува до сурферите кои биле во морето.

Белата ајкула била во лов на риби недалеку од самата плажа. Таа како катапултирана излегла од самото дно и уловила голема туна, раскажал Џејсон Игулден, кој снимал со дронот.

Штом ајкулата почнала да се приближува кон плажата, тој ги повикал спасувачите кои ги евакуирале сите капачи од водата. Се поминало во најдобар ред и никој не бил повреден.

Игулден тврди дека благодарејќи на снимката од дронот успеал да прекине катастрофа која би можела да се случи на плажата во Сиднеј.