Д-р Спин, како што самиот тврди, е пензиониран советник за медиуми на многу авторитарни власти и антидемократи. Еден ден одлучи да го пренесе своето богато знаење и искуство во единствен водич за контрола на медиумите за диктатори, но и „оние кои сакаат тоа да станат”.
Балканската мрежа за истражувачко новинарство (БИРН), Фондацијата Славко Чурувија и Независната новинска агенција на Србија (НУНС) ја започнаа кампањата д-р Спин, која се занимава со контрола на медиумите во Србија. БИРН најавува дека д-р Спин е серија од десет анимирани епизоди од Илир Гаши, која одговара на прашањето “што секој диктатор треба да знае ако сака да ја потисне слободата на медиумите во неговата земја”.


