Од 15 мај поефтинува роамингот во ЕУ – ММС
ММС

Објавено на: 05/3/19 5:11 PM

Од 15 мај поефтинува роамингот во ЕУ

Од средината на месецот, (15 мај), цените за мобилни и фиксни разговори во ЕУ ќе паднат. Сумата за минута разговор не треба да надминува 19 евроценти, како што е објавена од Комисијата за регулирање на комуникациите.

Цената за испраќање на текстуална порака (СМС) пак, не смее да надмине 6 евроценти за СМС.

Новата регулатива ќе доведе до намалување на цените на меѓународните повици и кратките текстуални пораки за претплатниците.

Што се однесува до земјите членки во соседството, максималните цени во Бугарија со ДДВ не смее да надминува 0,45 лева, додека дената на минута повик –  0,14 лева.
Новите пониски цени ќе важат само за поединци, но не и за фирми.