Граѓаните на Србија во моментот на банките им враќат околу седум милијарди евра, па, во просек, секој (и тој што воопшто не се има задолжено) е должен по 1.000 евра. Како што објаснуваат од белградската канцеларија на Светска банка, готовинските заеми се поризични, бидејќи не се користат за инвестиции, туку за потрошувачка.
Што се однесува до соседството, како што пишуваат српски медиуми, најзадолжени, со 5.000 евра по жител, се Црногорците, во Хрватска долгот по жител е 3.800, во Бих – 3.000, а во Македонија – 1.500.


