Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, вчера во Анкара со турскиот претседател Ердоган потпишаа спогодба за трговска соработка меѓу двете земји и протокол за изградба на автопатот Сараево – Белград, кој во голем дел треба да биде финансиран со турски банкарски кредити, јавуваат босанските медиуми.
Додик и бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, во Анкара биле дочекани со највисоки државни почести. Поради здравствени проблеми, во Турција не отпатувал членот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ.


