Авиокомпанијата „Флај Боснија“ со вчерашниот лет до Кувајт го почна редовниот сообраќај. Летовите Сараево – Кувајт што ќе бидат организирани во текот на мај се од промотивен карактер, а од 4 јуни ќе бидат редовни – секој вторник, четврток и сабота.
Истовремено, оваа авиокомпанија го набави и својот втор авион, „ербас А319“, со кој „Флај Боснија“ планира да ја збогати својата понуда кон европските дестинации. До 2023 е планирано флотата на компанијата да има осум авиони.


