Полета „Флај Боснија“ – првиот лет за Кувајт, веќе стигнува и вториот авион – ММС
ММС

Објавено на: 05/3/19 12:58 PM

Полета „Флај Боснија“ – првиот лет за Кувајт, веќе стигнува и вториот авион

Авиокомпанијата „Флај Боснија“ со вчерашниот лет до Кувајт го почна редовниот сообраќај. Летовите Сараево – Кувајт што ќе бидат организирани во текот на мај се од промотивен карактер, а од 4 јуни ќе бидат редовни – секој вторник, четврток и сабота.

Истовремено, оваа авиокомпанија го набави и својот втор авион, „ербас А319“, со кој „Флај Боснија“ планира да ја збогати својата понуда кон европските дестинации. До 2023 е планирано флотата на компанијата да има осум авиони.