Партијата Глас за Македонија денеска соопшти дека нема да поддржи ниту еден од кандидатите на партиите што влегоа во претседателската трка. Оваа партија денеска преку писмено соопштение ги повика своите членови и симпатизери да не излегуваат на претстојните претседателски избори, додавајќи дека не се важни имињата на кандидатите, туку дека се работи за принципи.
Мора да се разбере дека народот е единствениот суверен во државата и неговата волја мора да се почитува. Луѓето не смеат повеќе да бидат само гласачи, чија доверба по правило се изигрува. Тоа овие партии не го разбраа и сметката ќе им биде испорачана – потенцираат од Глас за Македонија.
Оттаму велат дека единствено немањето цензус ќе создаде терен за предвремени парламентарни избори.
Краен момент е Македонија да почне да ја гради својата иднина на здрави темели, а не врз гнилите остатоци од партиите кои ја разградија државата по секоја основа – додаваат од „Глас за Македонија“.


