Годинава во Дубровник, хрватскиот туистички бисер на Јадранското Море, се очекува да впловат повеќе од 500 бродови на кружни патувања со околу 750.000 патници. Само вчера во дубровничкото пристаниште впловија три крузери со 6.000 патници, објавува „Дневник хр“.
Граѓаните веќе негодувале, бидејќи крузерите во светот важат за едни од најголемите загадувачи на воздухот. Од пристанишната управа убедуваат дека нама причини за страв – од хрватскиот влез во ЕУ бродовите морале да ги почитуваат сите пропишани стандарди, а на пристаништето биле поставени два мерни инструмента за следење на чистотата на воздухот.


