Во сплитското пристаниште од 8 до 11 мај ќе биде укотвен американскиот носач на авиони на нуклеарен погон „Абрахам Линколн“, а одлука за негово впловување донела Владата на Хрватска на нејзината вчерашна седница, објавуваат хрватските медиуми.
„Абрахам Линколн“ е петти носач на авиони на нуклеарен погон од класата „Нимиц“ во флотата на воената морнарица на САД, а бродот е во служба од 1989 година. Вреден е 4,8 милијарди долари, а може да прими посада од 5.600 луѓе. Во Сплит посадата треба да одмора и да се изврши логистичко пополнување.
Од хрватското осамостојување досега во Сплит биле укотвени уште два американски носача на авиони – „Ентерпрајз“ во 2006 и „Хари С. Труман“ во 2015 година.