„НАТО планира база во срцето на Макеонија“; „Не’ опколија, цела замја ја претвораат во НАТО-база – никнува тврдина на Алјансата на чекор од српската граница“; „Алармантно во регионот – Србија ќе биде опколена, на потег е Русија“…
Ова се дел од насловите во вчерашните и денешните изданија на повеќе српски медиуми, кои пишуваат дека НАТО ќе отвора воена база на Криволак, а можеби и кај Куманово.
Америка била подготвена да финансира модернизација на полигонот Криволак до влезот на Македонија во НАТО, а големи се шансите тој полигон да стане и официјална НАТО-база. Во рамките на проектот за модернизацја на полигоните на Балканот, Алијансата само во Кучова, Албанија, треба да вложи 50 милиони евра, откри неодамна албанскиот премиер Еди Рама. Приближно иста сума Алијансата планира да потроши и за модернизација на некогаш најголемиот воен полигон на ЈНА – Криволак, кој моментално го користи токму НАТО. Во исто време, најавена е можност и од изградба на нова база кај Куманово, во непосредна близина на македоската граница со Србија, пишуваат српските медиуми.
Никнувањето бази околу Србија офицерот на КОС во пензија, Љубан Каран, го гледа како очекуван потег.
– На Криволак може да се симулираат сите теренски и временси услови: рамница, пустина, ридови, води… Нив тој терен ги интересира и сигурен сум дека таму ќе изградат база зашто постојат идеални услови за обука на НАТО-силите и тоа не само за Европа, туку и за Африка и за Азија – вели Каран, нагласувајќи дека е убеден за НАТО-база прво би имала предност Македонија отколку Албанија, бидејќи условите во Македонија биле подобри и оперативно и стратегиски.


