Левица одлучи да ја поддржи кандидатката Сиљановска Давкова – ММС
ММС

Објавено на: 05/3/19 10:30 AM

Левица одлучи да ја поддржи кандидатката Сиљановска Давкова

Неполни 24 часа пред изборниот молк, партијата Левица одлучи да даде поддршка за професорката Гордана Сиљановска Давкова, како кандидатка за претседател на државата.

Според партијата, таа претставува атипичен претседателски кандидат. Од Левица соопштија дека и покрај несогласувањата во врска со одредени прашања,  сметаат дека професорката е изградена личност со неспорен кредибилитет, која што ефикасно ќе се спротивстави на политиката на коалиционата двојка СДСМ-ДУИ. Од таму додаваат дека нивната поддршка за Сиљановска да стане првата жена претседател на Републиката е строго персонална, а никако про-вмровска.

Левица потсетува дека соработката со Гордана Сиљановска Давкова датира уште од времето на Професорскиот пленум Од партијата велат дека колку и да се чини оправдан гневот против корумпирани елити, сепак на овие избори – каде се бира личност, а не партија – бојкотирањето ќе биде само во корист на властодршците и ќе овозможи актуелниот собраниски спикер да биде ВД претседател.